Николоски: Започна да се користи новиот автопат од Врбјани до Ботун, следуваат нови прокети
Започна да се користи новиот автопат од Врбјани до Ботун, дел од автопатот Кичево-Охрид. Продолжуваме со уште посилно темпо да ја градиме Македонија, напиша денеска на социјалните мрежи вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Тој истакнува дека следуваат нови проекти.
Претходно, премиерот Христијан Мицкоски, споделувајќи видео од разговор со Николовски додека се возат по автопатот од кој што вчера беа пуштени 20 километри посочи дека граѓаните долго време го чекаа ова автопатско решение и порача проблемите да се остават во минатото и да се гледа напред.
- Практично до ова место кај што и официјално го отворивме овој прв дел од делница од Врбјани до Охрид, до Кичево има уште околу дваесетина километри. Од тунелите, оттаму е веќе завршен автопатот, до Кичево остануваат седумнаесет километри. Два километри се тунелите кои што се скоро завршени и остануваат петнаесет километри од излезот на тунелите до Кичево. Охрид има шест косини или свлечишта кои што се во атарот на селото Ботун. Проблемите да ги оставиме во минатото, било што било. Сега да гледаме напред. Граѓаните не избраа да ги решаваме тие проблеми. Ако беше лесно, немаше сигурно да бидеме ние. Ги градиме темелите на промените, доаѓа времето на Македонија!, се вели во објавата од Мицкоски.
Автопатот во вкупна должина од 57 километри се очекува целосно да биде завршен кон крајот на 2026 или првиот квартал на 2027 година.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
-
Татко ми ме учеше на македонштина | Дамјан Стојановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 104
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
-
Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа