ЦУК: Активни четири пожари на отворен простор, шест локализирани и два под контрола

До 12:30 часот вкупно 14 пожари на отворен простор се евидентирани на територијата на државава, од кои четири се активни, шест се под контрола, два се локализирани и два се изгаснати.
Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во село Николиќ во општина Дојран, каде што гори нискостеблеста шума, под Солунска Глава во општина Чашка - помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка. Таму се работи за шумски пожар каде што, според ЦУК, нема активен пламен, само чад во карпест дел.
Активни се и пожарите во местото Преовце во општина Куманово и во село Ругинце во Старо Нагоричане, на двете локации е зафатена ниска вегетација.
Под контрола се шест пожари, од кои пет се во општина Македонски Брод: с. Рамне – с. Ковче (ниска вегетација, проширен од фабриката Самоков); с. Слатина (мешана шума); с. Слатина кај Слатински Извори (нискостеблеста мешана шума); во кругот на фабриката СУМБРО (ниска вегетација) и
помеѓу селата Црешнево, Крапа и Локвица (деградирана дабова шума и грмушки). Под контрола е и пожарот помеѓу селата Блаце и Горњани, место викано Рамна шума (шумски пожар) во Општина Чучер Сандево.
Двата локализирани пожара за кои соопштува ЦУК се во село Бешиште, место викано Бешишки Рид во општина Прилеп (приземен во мешана шума) и во село Делисинци во Свети Николе (ниска вегетација, стара напуштена куќа).
Според известувањето на ЦУК за состојбата до 12.30 часот, изгаснати се пожарите кај црквата „Света Троица“ во Чучер Сандево (ниска вегетација) и во село Белица во Македонски Брод (нискостеблеста шума).
Ново на Сител
-

Најмалку едно лице загина при нови напади на Хутите врз саудиските аеродроми
-

Македонскиот борач Топузовски освои бронзен медал на меѓународно натпреварување во Италија
-

Премиерот Мицкоски и министерот Николоски на почеток на изградба на автопатот Букојчани - Кичево
-

Манчестер Сити го освои Енфилд и остана со максимален ефект
-

Струмица 2001 го совлада Пелистер во Супер кошаркарската лига
-

Облачно со повремен локален дожд
-

Зеленски: Не сум запознаен со „енергетското примирје“, но Украина е подготвена да го прифати
-

Охриѓанец го загубил животот откако неговото кану се превртело во Охридското Езеро
