Рубио: Русија изгубила 100.000 војници во Украина од почетокот на 2025 година
Од почетокот на 2025 година, Русија изгубила 100.000 војници во војната против Украина, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио по средбата со неговиот руски колега Сергеј Лавров.
.Според него, загубите на украинската војска се помали, но сепак значителни.
Рубио нагласи дека главниот приоритет на американскиот претседател Доналд Трамп е да се запре губењето животи и уништувањето што се случуваат секојдневно.
– Од почетокот на годинава, само за пример, Русија изгуби 100.000 мртви војници, не ранети – мртви. Бројките на украинска страна се помали, но сепак значителни. Претседателот Трамп не сака војни, истакна Рубио.
Тој додаде дека Трамп смета оти војните се трошење на пари и животи и дека ќе направи сè што е во негова моќ за да стави крај на оваа војна, како и секоја друга во која има можност да интервенира.
Рубио изрази и фрустрација поради бавниот напредок во преговорите, но нагласи дека САД ќе продолжат да работат на решавање на конфликтот со трпеливост и посветеност.
Според врховниот командант на украинските вооружени сили, Олександар Сирски, во првите шест месеци од 2025 година, украинските сили елиминирале над 230.000 руски војници, вклучувајќи ги загинатите и ранетите.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа
-
Лошиот квалитет на водата ги одложи маратонските трки на СП
-
Баро: Ќе воведеме санкции кон Иран ако до август нема напредок во нуклеарниот договор
-
Граѓанската иницијатива Зелен хуман град ја поздрави пресудата за убиството на кучето Феликс
-
Приведено едно лице од Куманово поради управување моторно возило под дејство на алкохол
-
Во Србија од октомври го зголемуваат минималецот на 500 евра
-
За кокаин и убиства по нарачка шестмина членови на криминалната група Грчец осудени на вкупно 50 и пол години затвор