Претреси во Скопје, две лица лишени од слобода, запленета дрога и оружје
По претходно превземени оперативни активности, полициски службеници од СВР Скопје врз основа на судски наредби за претрес на дом и други простории вчера извршиле претреси кај две лица.
-Притоа при претресот кај лицето Н.Ј. (26) од Скопје во стан во Ѓорче Петров беа пронајдени и одземени една дигитална вага со остатоци од материја, една зипер кесичка со семки од растение, една полиетиленска кесичка со бела прашкаста материја, една тегла со бела грутчеста материја, мало шишенце со семки од растение, поголема црна кеса со растителна материја, како и полиетиленска кесичка со растителна материја. Исто така, пронајдени и одземени се и парични средства - две банкноти во апоени од 2.000 денари, осум банкноти во апоени од 1.000 денари, 20 банкноти во апоени од 500 денари, соопшти МВР.
Дополнително, при претресот, од страна на таткото на лицето Н.Ј. доброволно биле предадени и четири куршуми, калибар и четири ловни со калибар од 12 мм.
-Во извршениот претрес, пак, кај лицето Д.Т. (26) во Волково, Скопско, биле пронајдени и одземени: една тегла со растителна материја, зипер кесичка со растителна материја, полиетиленска кесичка со осум семки од растение, една дигитална вага, два грендери со материја, потоа три стебла од растение, како и две воздушни пушки со дрвен кундак и една кутија со дијаболи за воздушна пушка, се наведува во соопштението на МВР.
Во координација со дежурен јавен обвинител од ОЈО Скопје, лицата се лишени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-
Српската Влада префрли 1,8 милиони евра за субвенции за мајки кои сакаат да купат стан по раѓањето дете
-
ЦУК: Активни шест пожари, под контрола пет
-
Науката потврди: Многумина кои прекинуваат со лекови за слабеење, повторно накачуваат тежина
-
Пентагон повлекува 700 маринци распоредени во Лос Анџелес поради протестите
-
Македонски државјанин се удави во близина на Драч
-
На Табановце се чека до 30 минути, патот до ГП Пелинце затворен до 16 часот
-
Пред пратениците на 62. пленарна седница Дополнетиот ребаланс на Буџетот
-
Топлотен бран во земјава - да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето