Почната постапка за промена на повеќе закони за ставање во функција на системот „Безбеден град“

За да можеме да го ставиме во функција системот Безбеден град треба да смениме отприлика шест-седум закони, отпочната е постапка за секој од овие, но не само закони директно поврзани со имплементацијата на системот, туку и закони кои треба да направат суштинска разлика и раздвојување на безредието од претходно со она што треба да го имплементираме како нормален ред и поредок, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Тој на прес-конференцијата за резултатите на МВР и сработеното за изминатата година одговорајќи на новинарско прашање за системот Безбеден град што треба да стартува од 1 јануари 2026 година најави поригорозни мерки за прекршоци во сообраќајот, меѓу кои и со конфискација на возило.
-Кривичниот законик не е дирекнто поврзан со системот, но неговата измена и разграничување што е кривично дело, а што прекршок е клучна за да можеме да делуваме превентивно и во насока на она што сакаме да го оствариме, а тоа е намалување на бројот на собраќајни незгоди и намалување на бројот на човечки загуби. Бидејќи граѓаните треба да бидат свесни дека во иднина во однос на оние кои сообено безобзирно управуваат со моторни возила надвор од секаков разум ќе се оди со поригорозни мерки, односно ќе се оди и со конфискација на самото возило, рече Тошковски.
Оцени дека во земјите каде овој систем е имлементиран има видливи резултати и најави дека ќе има и во државава.
-Овој проект е отпочнат пред многу години, за жал неговата функционалност не е видлива до ден денеска, отпочнат е пред повеќе од ако не се лажам десетина години, надоградуван е од страна на претходната влада, надограден е и дополнително во последната година дена и се надевам дека конечно резултатот од истиот ќе го видиме, рече министерот.
Додаде дека во однос на вкупната сума за „Безбеден град“ нема информации, но забалежа дека „е сигурно многу“. -И затоа греота е што досега не бил ставен во функција така како што требало, жално е, но ние ќе го ставиме во функција и граѓаните конечно ќе го видат бенефитот затоа што потенцијал има огромен, подвлече Тошковски.
Во отчетот министерот Тошковски рече дека се уште не е задоволен од фактичката состојба во сообраќајот.
- Има напредок, има намалување на тешките несреќи и бројот на повреди, но се уште премногу луѓе гинат на улиците. Ова е едно од најважните работи на кои работиме, порача министерот за внатрешни работги Тошковски.
Ново на Сител
-

Приведен 68-годишник кој три години силувал, снимал и се заканувал на малолетник
-

Земале пари и златен накит од битолчанка за наводна операција на нејзината ќерка - Кривична пријава за три лица
-

Муцунски за уставните измени и спорот со Бугарија: Кардиналните грешки на нашите претходници не може да се решат преку ноќ, планирам средба со мојот бугарски колега
-

Три години силувал и злоупотребувал дете за креирање на порнографски содржини - Обвинителството побара притвор
-

Биљана Ангелова реизбрана за ректорка на УКИМ
-

Трамп: Американците немаат поблиски сојузници од Британците
-

Светска банка: Цените на енергенсите ќе пораснат за 24 отсто во 2026 година поради кризата на Блискиот Исток
-

Виктор Орбан предлага да се повлече од раководството на партијата ФИДЕС, одлуката ќе биде донесена во јуни
