Во мај за работите на коридорите 8 и 10д исплатени 681.026.665 денари
Изведувачот на автопатските делници на коридорите 8 и 10д (Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола) во мај продолжил да извршува претежно работи за геотехнички истражни работи, проектирање и спецификации на
автопат, проектирање на експропријација, активности за откривање на експлозивни направи, работи за привремено управување со сообраќајот и за мобилизација, како и градежни активности главно за земјени работи и конструкции.
Во мај годинава, според Извештајот од надзорот за прогрес на работите, имало една исплата од државата кон конзорциумот „Бехтел и Енка“ преку Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) во износ од 681.026.665 денари (11 милони евра). Од почетокот на годинава имаше уште две исплати од 599.794.350 денари, на 22-ри април, и од 524.972.228 денари, на 30-ти април. Досега се исплатени над 312 милиони евра, согласно Договорот склучен во март 2023 година, за кој првичните проекции се дека ќе чини 1,3 милијарди евра.
Извештајот, објавен на веб страицата на Јавното претпријатие за државни патишта, покажува дека завршени се 87 проценти од проекциите за експропријација за автопатската делница Тетово-Гостивар, 72 проценти за Гостивар-Букојчани, а 78 проценти за делницата Прилеп-Битола.
Според Извештајот, за делницата Тетово-Гостивар се реализирани 100 проценти од геотехничките истражувања, за Букојчани-Гостивар 73 проценти, а за Прилеп-Битола 63 проценти.
Надзорот регистрира напредок од 69 проценти на работите за спецификација и проектирање на автопатот Тетово-Гостивар, од 35 проценти за Букојчани-Гостивар, а 50 проценти за Прилеп-Битола. За делницата Требеништа Ќафасан, според најавите, ќе се ревидира трасата со оглед дека постојниот проект го загрозува заштитениот статус на Охридско Езеро и регионот.
Во активностите, изведувачот заклучно со мај годинава ангажирал 1929 лица и 1119 градежни машини.
Ново на Сител
-
Канада испраќа во Украина дронови, муниција и оклопни возила вредни милијарда канадски долари
-
Приведен 43-годишен родител на фудбалер, по инцидентот на натпреварот меѓу пионерските екипи на „Шкупи“ и „Брегалница“
-
ФФМ го осуди инцидентот на натпреварот Брегалница – Шкупи: Нема компромис со насилството
-
Димитриеска-Кочоска во Загреб на потпишување Меморандум, Македонија се вклучува во иницијатива за унапредување на пазарите на капитал во Централна и Југоисточна Европа
-
Пропадна уште еден обид за конституирање на Собранието на Косово
-
Српскиот претседател претстави нови економски мерки за подобрување на животниот стандард на жителите на државата
-
Приведен 29-годишник, возел со 171 километри на час на место каде е дозволено 100
-
Приведен 36-годишник, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога