Голем пожар во близина на Атина

Голем пожар избувна во близина на пристанишниот град Рафина во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а од бројот 112 беше испратена порака за евакуација до оние кои се наоѓаат во три населени места во непосредна близина, јави дописничката на МИА од Атина.
Во пожарот интервенираат 104 пожарникари со шест пешадиски тима, 28 возила и волонтери, а од воздух се гасне со три хеликоптери и два авиони.
Силниот ветер, што брзо го шири пожарот, дополнително ја отежнува работата на пожарникарите.
Огнените јазици се во близина на домови во населби кои сепак не се густонаселени, а според грчките медиуми, полицијата интервенирала во евакуација на девет лица.
Поради пожарот во прекин е сообраќајот на неколку улици,
Во Рафина е едно од трите атински пристаништа, а поради пожарот, траект од Евија се враќа на пристаниште од каде што отплови.
Ново на Сител
-

Обилни врнежи низ земјава, најмногу во Претор
-

Белата куќа го брани Трамп откако тој и се обрати на новинарка со „прасенце“
-

Предупредување во Австралија: Циклонот Фина носи разорни ветрови и силни дождови
-

Појава на одрони на патот Делчево - Македонска Каменица
-

Амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
-

Седница на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите
-

Нетанјаху: Нема да има палестинска држава
-

МЗТ Скопје Аеродром ја совлада Јахорина за трета победа во АБА 2
