Македонија
2. July 2025 - 21:11

Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?

За македонскиот народ навреда, за Брисел поглед за една нација. Споредбата на македонскиот идентитет со полнети пиперки, пинџур и погача од еврокомесарката Кос ја разгневи јавноста. Иако македонската кујна е значаен белег на македонците не треба да се сведе на слика за целиот македонски идентитет. Професорот на Филозофскиот факултет Ило Трајковски за Сител вели темата е осетлива, а реакцијата на јавноста иако диференцирана е оправдана. 

Оправдани се реакциите на граѓаните по гафот на еврокомесарката Кос, смета и универзитетскиот професор Ненад Марковиќ. Според него, дополнително се проблематизира, што во услови на затегнати односи со Бугарија и обиди повторно да се негира посебноста на идентитетот и јазикот, од Брисел стигнуваат вакви пораки.

По завршувањето на дводневниот самит на ЕУ и Западен Балкан, Кос без конкретен одговор дали за Брисел е доволна усната гаранција од Бугарија дека нема да поставува нови сопки за Македонија. Но наместо гаранција за македонскиот идентитет таа го спореди со гастрономија и традиција.