Македонија
2. July 2025 - 8:33

Во Собранието ќе заседаваат две комисии

Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии - Комисијата за култура и туризам и Законодавно правната комисија.

Пред членовите на Комисијата за култура и туризам се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство и Предлог на законот за изменување на Законот за библиотеките, и двата во прво читање.

На дневен ред на Законодавно правната комисија се Предлог на законот за изменување на Законот за државните награди, Предлог на законот за дополнување на Кривичниот законик, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство и Предлог на законот за изменување на Законот за библиотеките, сите во прво читање.