Шест пожари за еден ден во кумановско
Пожарникарите од Куманово и Старо Нагоричане вчера интервенирале на опожарени површини со жито во липковското Ропаљце и во кумановско Клечовце, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Во Клечовце гореле житни површини од околу три хектари, во интервенцијата учествувале и вработени од приватен субјект кој е во непосредна близина на опожарената површина. Жито горело и во липковското село Ропаљце.
Опожарена сува трева горела во липковско Никуштак во близина на гробиштата, како и во кумановското село Студена Бара. Смет горел во Куманово, во населбата Средорек во два наврати.
Во општина Куманово се одржа локален совет за превенција на кој претставници од повеќе институции, локална власт, СВР Куманово, ТППЕ Куманово, Основното јавно обвинителство, подрачните единици на РЦУК И Дирекција за заштита и спасување разговараа за актуелните пожари на подрачјето на општината, а беа потенцирани и најкритичните точки каде се случуваат пожарите, локалитетите: „Стари Лозја“ и „Бавчи“.
-Комуналната инспекција, кумановската полиција, членовите на Советот на општината ќе ги посетат критичните точки во Куманово и ќе разговараат со населението. Територијалната противпожарна единица Куманово ќе обезбеди мобилна опрема за гасење на пожари (грбни пумпи и челични метли) и ќе ги стави на располагање на СВР Куманово, чиишто тимови би можеле да делуваат. Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ ќе започне со интензивни активности за расчистување на диви депонии во градот, каде постои ризик од пожари. Во тек на наредна недела да се одржи состанок помеѓу Општина Куманово, СВР Куманово и сопственици на мотокултиватори, како создавачи на диви депонии, со цел да се спречи оваа појава, било истакнато на состанокот.
На состанокот инициран од градоначалникот Максим Димитриевски, присуствуваа претставници од општината, СВР Куманово, командир на ТППЕ, претставници од Основно јавно обвинителство, РЦУК Куманово и Дирекција за заштита и спасување.
- Како предлог на состанокот беше подготовка на оперативен план од страна на претставници од надлежни институции, за детектирање на предизвиците, намалување на бројот на пожарите, навремено дејствување и пронаоѓање на сторителите, информираат од општината. Кумановци реагираа дека на овие места, несовесни граѓани постојано палат смет и често има пожари кои ја вознемируваат јавноста и го загадуваат воздухот во попладневните часови. Граѓаните бараат засилени инспекциски надзор, санкции за несовесните граѓани кои палат оган на отворено и го загадуваат воздухот.
Ново на Сител
-
ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство
-
Две возила учествувале во сообраќајката кај Собранието, во која се повредени две лица
-
Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје
-
Димитриеска Кочоска: Индустријата зазема стабилен курс на раст
-
Гувернерот Славески на Годишното генерално собрание на БИС
-
Администрацијата на Трамп му се закани на Харвард со укинување на федералното финансирање
-
УКРО: Сите пациенти добиваат терапија, достапни се лековите за третман на онколошки заболувања
-
Јанев: Полицијата е првата линија на одбрана на сообраќајната култура