Македонија
29. јуни 2025 - 13:57

Малолетник прободен со остар предмет на подрачјето на Бит Пазар

Денеска (29.06.2025) во 01.00 часот во СВР Скопје, Ч.Х.(46) од Скопје пријави дека на 28.06.2025 околу 21.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, неговиот 15-годишен син се здобил со повреда од остар предмет, нанесена од 13-годишен малолетник со кого се во роднински врски.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.