Бројни полициски тимови распоредени низ Белград

Српската полиција распореди голем број припадници во Белград во обид да се зачува мирот поради најавениот протест на студентите во блокада и од попладнево кога почнаа да се собираат голем број граѓани кои ја поддржуваат властите.
Во центарот на српскиот главен град засега се е мирно, јави дописникот на МИА од Белград.
Во близина на парламентот се распоредени голем број полициски комбиња како и пред зградата на РТС што е во близина.
На плоштадот Славија каде треба да се одржи големиот протест на студентите во блокада веќе има голем број граѓани, дел од нив се од собири на граѓани од голем број белградски општини.
Затворен за сообраќај е Бранков мост како и мостот Газела, додека полицијата затвори сообраќај и на неколку улици во центарот на Белград.
Поддржувачите на студентите кои се противат на блокадата на факултетите, на повик на владини претставници, го исполнија платото и улицата пред Парламентот на Србија, како и блискиот плоштад Никола Пашиќ каде што треба да се одржи книжевната вечер. Граѓани, предводени од некои лидери на СНС, пристигнуваат од различни делови на градот.
Српскиот патријарх Порфирије повика на единство, нагласувајќи од Видовданската литургија во манастирот Раваница да бидат отворени во однос едни кон други, да ги слушаат другите, да бидат подготвени да ги поднесат слабостите едни на други и да не инсистираат одвреме-навреме да биде онака како што сакаат.
Ново на Сител
-

Русија тврди дека Украина одбила прекин на огнот во Костјантинивка
-

Вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, уапсени пет лица
-

Иран и Катар ја обновуваат поморската трговија по речиси петмесечна пауза
-

Поради активност на вулканот Етна суспендиран авионскиот сообраќај на Сицилија
-

Ѓорѓиевски: Пожарот кај „Рампа“ е ставен под контрола - длабок поклон за брзата реакција на пожарникарите
-

Големиот пожар во близина на Солун ставен под контрола – уапсено едно лице
-

Мицкоски: Зголемување до 2,5 денари за дизелот и околу денар за бензините - повторно остануваме држава со најниски цени
-

Бруклинскиот мост се запали за време на прославата на Денот на независноста
