Огромен интересот кај младите за мерката самовработување
Огромен интересот од младите за мерката за самовработување. До Агенцијата за вработување се пристигнати пријави на повеќе од 6.000 лица а интерес има и во Охрид.Според заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески станува збор за поддршка за креирање на нови работни места“ а воедно и задржување на младите во нашата држава.
Минатата година преку мерката за самовработување во Охрид биле регистрирани 16 нови занаетчии додека во изминатите две години само двајца регистрирале фирма без да добијат субвенции од државата .
Ристески се осврна и за најновата мерка која е достапна, а е директна помош за компаниите со која на претпријатијата им се дава грант за вработување на невработени лица, каде истата се движи од 160.000 до 220.000 денари, во зависност од целната група, а работодавачот е должен да го задржи нововработеното лице на работа од 9 до 15 месеци.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар