Историска одлука на НАТО: Земјите членки ќе издвојуваат по 5% од БДП за одбраната
НАТО донесе историска одлука, секоја земја членка на алијансата ќе вложува по 5 отсто од буџетот за одбрана. Лидерите на 32 земји беа едногласни секоја година до 2035 да ги исполнат индивидуалните и колективни обврски кон Алијансата. Генералниот секретар на НАТО побара агресивна реакција на вооружувањето од Русија, Иран и од Северна Кореја. Руте смета дека е неопходно е да се инвестира повеќе за да се спречи војна, односно да се добие новата војна со производство на оружје кое го прави Русија. Соопштувајќи ја одлуката, генералниот секретар порача дека Алијансата е посилна од кога било и одлучна да делува брзо во одбрана на мирот. Руте упати благодарност до американскиот претседател без кого како што рече немаше да се случи зголемувањето на буџетот на Алијансата.
Целта од 5% се состои од два дела, 3,5% се основните трошоци за одбрана, а дополнителните 1,5% ќе се однесуваат на надградба на патишта, мостови, пристаништа и аеродроми,мерки за борба против хибридни напади и подготовка на општествата за идни конфликти.
Македонската делегација предводена од претседателската Сиљановска Давкова оствари кратка средба со претседателот на САД. Претседателката н амаргините на самитот имаше одделни средби со колегата од Чешка, со премиерот на Естонија и на Кралството Белгија.
Со декларацијата која е усвоена на самитот во Хаг членките на Алијансата се обврзаа на реафирмација на договорот од Вашингтон, напад врз една се смета за напад врз сите. Меѓу точките во оваа декларација стои ветување за континуирана поддршка за Украина.
Во Хаг денеска најавена е средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот лидер Влодомир Зеленски. Трамп ги потврди овие информации коментирајќи дека ќе разговара со Зеленски за очигледното односно за проблемите со кои се соочува лидерот н аУкраина.
Следниот Самит на НАТО во 2026 година ќе се одржи во Турција.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар