Македонија
23. јуни 2025 - 12:11

Вевчани инспирација за уметниците

Вевчани сместено под падините на Јабланица останува  неисцрпна инспирација за светските уметници.  Тие се воодушевени од природните и културните убавини, изворите храната , традицијата и гостопримството .На 14тата Меѓународна ликовна колонија  „Вевчански видувања 2025“во текот на 10 дена, од 21 јуни до 1 јули  ќе творат 22 уметници од Македонија, Србија, Словенија, Грција, Велика Британија, САД и Франција.  

Уметниците воодушевени од можноста да творат во место опкружено со природа која инспирира.

Колонијата беше отворена со аукција на три ликовни дела насликани од учесници на колонијата „Вевчански Видувања“чии средства како и донациите ќе бидат донирани за поддршка на повредените од пожарот во Кочани.