Македонија
23. јуни 2025 - 12:11

26 годишен Македонец лани загинал во Чешка, братот бара одговори за причината за смртта

Слаѓан Мијаиловски од општина Ранковце, го загубил својот 26 годишен брат, додека работел во Чешка, ангажиран преку скопска фирма. Настанот се случил пред повеќе од една година, но причинителот за смртниот исфод се уште не е познат, зашто како што тврди Михаилов, од Обвинителство не му даваат одговор. Тој преку адвокати ја тужел фирмата во која работел неговиот брат, бидејќи се сомнева дека не биле запазени стандардите за безбедност при работа.

- Ми загина брат во Република Чешка. Фирмата беше од Скопје, во која брат ми беше вработен, по нивна вина беше се тоа што се случи. Имам пуштено тужба прелу адвокати за тужење на фирмата , до сега нема ништо од обвинителството. Ме интересира зошто, што е причината, зошто се уште нема постапка, немам никаков одговор до сега.Од 15-ти март 2024 година па до сега, вттора година почна уште немам ништо од обвинителстви – изјави Слаѓан Михаиловски, брат на починатиот работник

Михаиловски бара правда, без разлика каков ќе биде одогворот од Обвинтелството. 

- Од фирмата велат дека е несреќа, да не се случи повеќе. Адвокатите ми тврдат, имам договор со нив, дека ќе ја гонат фирмата, дека пуштиле 3 пати маил до Обвинителството, но уште немаат одговор. Секогаш ми велат, немаме одговор. Само чекај, ама чекам во неизвесност.

Од Обвинитество велат дека тие се надлежни да постапуваат само за сторени дела на територијата на нашата држава.