На Пониква утре заминуваат 46 од повредените во пожарот во „Пулс“ - Во тек е реконструкција на кочанската болница
Утре почнува рехабилитацијата на Пониква за повредените од трагедијата во Кочани. Со физиотерапевти, медицински сестри и психолошка поддршка, првата група од 46 лица ќе го продолжи процесот на опоравување во планински услови. Освен стандардната физикална терапија ќе имаат и групни вежби за зајакнување на мускулатурата на целото тело. Изминатиот период неколку институции го средија одморалиштето за рехабилитацискиот процес.
- Министерството за спорт целосно ги опреми двете игралишта за рекреација.
Поставени се комарници, кои се од суштинско значење за заштита на пациентите во оваа фаза.
Спроведена е и комплетна дезинфекција, дезинсекција и дератизација, вклучително и на шахтите околу објектот, во соработка со Центарот за јавно здравје Кочани, изјави Марија Митева, портпарол на Влада.
- Во текот на престојот на Пониква за оние кои се уште одат на уличиште, имаме замислено и да имаат средби со наставници, педагози и психолози во училиштата каде учеле и учат, вели -Д-р Катерина Мирчовска, директор на општа болница Кочани
Веќе неколку дена 58 од повредените носат компресивна облека и според лекарите резултатите веќе се видливи. Неколку пати ќе ја менуваат во рок од две години, но тоа според медицинските лица не им пречи во секојдневните активности и одењето на физикална терапија. Наскоро ќе има и силиконски маски за осуммина кои се со лузни на лице и врат а експерт од Словенија ќе ги посети за младите кои имаат апмутации на прсти.
- Разговарано е со специјалист кој работи конкретно со изработка на естетски прсти како привремено решение, додека не се консултираат специјалисти по пластична хирургија за децата кои имаат ампутации на различни делови од прстите, што понатаму, вели д-р Мирчовска.
А по алармирање за состојбата во болницата во Кочани дека таму не е мрднато со прст повеќе од 40 години, во тек е реконструкција на одделеот за физикална медицина кое треба да заврши за три до 4 недели.
На лекување во странски центри се уште има 5 мина од повредените и пет во здравствените установи во земјата.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар