И „Барбиките“ добиваат вештачка интелигенција

Производителот на играчки, „Мател“ (Mattel) се здружува со „Опен-АИ“ (OpenAI) со цел развој на производи и услуги со вештачка интелигенција, засновани на брендовите на „Мател“. Нивниот прв производ се очекува да биде објавен оваа година.
Американската компанија, којашто ги создаде „Барби“ (Barbie), „Хот вилс“ (Hot Wheels) и „Поли Покет“ (Polly Pocket), соопшти дека ќе ја користи ВИ-технологијата на „Опен-АИ“ за „да ја донесе магијата на ВИ до искуствата за играта“ соодветни за возраста, со нагласка на иновациите, приватноста и безбедноста. Како дел од договорот, се вели, „Мател“ ќе ги инкорпорира алатките на „Опен-АИ“, како што е „Чет-ГПТ Ентерпрајз“ (ChatGPT Enterprise) во своите деловни операции, „со цел подобрување на развојот на производите и креативните идеи, да поттикне иновации и да го продлабочи односот“ со својата публика.
Бред Лајткап, главен оперативен директор во „Опен-АИ“, изрази задоволство од оваа соработка.
– Ние сме задоволни што работиме со „Мател“, додека тој се движи кон воведување мислечки искуства и производи со ВИ во своите култни брендови, истовремено обезбедувајќи им ги на своите вработени придобивките од „Чет-ГПТ“ низата, изјави Лајткап.
Џош Силверман, претставник на „Мател“, додаде:
– Секој наш производ и искуство се дизајнирани да ги инспирираат обожавателите, да ја забавуваат публиката и да ги збогатат животите преку игра. ВИ има моќ да ја прошири таа мисија и да го прошири досегот на нашите брендови на нови и возбудливи начини. Нашата работа со „Опен-АИ“ ќе ни овозможи да ги искористиме новите технологии, да ја зацврстиме нашата водечка улога, како и преосмислувањето нови начини на игра.
Во 2023 година, филмската верзија на „Барби“ – со Маргот Роби во главната улога, заработи скоро 1,5 милијарди долари на светско ниво. Минатиот месец компанијата ги прекомбинираше својот филмски и ТВ-оддел, со што се основа „Студиото Мател“ и „Мател филмс“, на чело со Роби Бренер и претседателот и главен извршен директор на компанијата, Ajнон Крejз.
Ново на Сител
-

Трамп одобри извоз на чипови на „Енвидиа“ за Кина, дел од прометот оди кај САД
-

Пронајдени над 4300 парчиња пиротехнички средства во Штип, приведен 47-годишник | ФОТО
-

Претставката од Здружението на родителите на загинатите од Кочани на седница на Постојаната анкетна комисија
-

Најстудено во Крушево и Маврови Анови, дневната температура до 15 степени
-

Трамп ја нарече „непријатна“ казната од ЕУ за „Икс“ на Маск; закани за нови царини кон Канада и Мексико
-

Без струја повеќе делови Студеничани и Сопиште
-

Во куќа крај белгискиот град Шарлероа пронајдени околу 150 тарантули
-

ЕУ и НАТО со порака: Мировните преговори зависат од суверенитетот и безбедноста на Украина
