Македонија
13. јуни 2025 - 16:32

Пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Свети Наум

Пуштен во употреба реконструираниот магистрален пат Охрид – Св. Наум, со инвестиција од 11,7 милиони евра во должина од 24,3 километри, непосредно пред почетокот на летната туристичка сезона.Испраќаме силна и јасна порака- Македонија се гради“ние сме тука да го изградиме тоа што долго време беше запоставено со работа без многу галама и бучава, со срце и визија, истакна премиерот Христијан Мицкоски од Охрид.

Вицепремиерот  Николоски потенцира  дека  овој пат не бил реконструиран, ни чепнат  на одредени делници од годините кога за  првпат бил  правен.

Со овој модерен пат полесно и побрзо ќе можат да стигаат луѓето кои што живеат на овој дел од езерото, но исто така и туристите  ќе  можат многу полесно да комуницираат.

Со реконструкцијата  на оваа главна туристичка сообраќајна делница која започна во август 2023 година  се подигнува безбедноста во сообраќајот од Охрид до манастирскиот комплекс Св. Наум но исто така овој магистрален пат има и регионално значење бидејќи претставува патна врска со Република Албанија.