Преглед на вестите од светот
Нова дестабилизација на Блискиот Исток. Израел го нападна Иран, погодувајќи ирански воени и нуклеарни цели. Силни експлозии се слушнале утрово и во Техеран. Жителите се разбудиле со поглед кон уништени згради и урнатини. Израелските власти објавија дека ја започнале операцијата Рајзинг Лајн (Rising Lion), со цел да го спречат Техеран да изгради нуклеарно оружје, додека иранските медиуми јавија дека во нападот загинале врвни нуклеарни научници.
Но, Иранците веднаш возвратија со контранапад. Израелците контранападот го пречекаа подготвени, со прогласена вонредна состојба. Тамошните власти велат дека ги соборите стотиците безпилотни возила од Техеран. Во меѓувреме, аналитичарит,е нападите со дронови ги оценуваат само како почеток на одмаздата што ја подготва Иран.
Американскиот претседател негираше каква било вмешаност во нападите, а Британците се изјаснија дека нема да го бранат Израел доколку Иран изврши одмазнички напад. Осуди за нападите и повици за деескалација на состојбите на Блискиот исток стигнаа од целиот свет. Голем дел од земјите во тој регион веќе го затворија својот воздушен простор.
По нападот, утрово пораснаа и цените на нафтата. Војната меѓу Израел и Иран ќе влијае и врз цената на нафтата и во Македонија, предупреди денеска првиот човек на Регулаторна, Марко Бислимовски.
Аларм стигна и од Македонското МНР.
„Сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран да ги следат националните портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции. Воедно, апелираме до сите наши државјани да се воздржат од било какви патувања кон земјите од овој регион, до подобрување на безбедносната состојба“.
40-годишниот Рамеше е единствениот преживеан во авионската несреќа што се случи вчера во Индија, откако Боинг со 242 лица се урна неколку минути пред да полета. Рамеше ема поголеми повреди и е во добра здравствена состојба.
„Се се случи пред моите очи. Не можам да верувам како преживеав. Прво мислев дека и јас ќе умрам. Но, кога ги отворив очите сфатив дека сум жив и пробав да го откопчам појасот од седиштето и да избегам каде и да можам. Пред моите очи видов како загина стјуардесата и другите“, изјави Ремеше, единствениот преживеан во несреќата.
Оваа авионска несреќа е најголемата во последната деценија во Индија. Загинаа над 290 лица. Докторите деноноќно работат на идентификација на телата. Освен патниците и екипажот во авионот, во несреќа загинаа и други лица кои биле во пределот кога се сруши авионот.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар