Зајакнување на соработката меѓу армиите на Македонија и на Унгарија

Унапредување на билатералната воена соработка меѓу македонската и унгарската армија, процесот на трансформација и модернизација на Армијата и соработката меѓу специјалните сили на двете држави се во фокусот на разговорите на началниците на Генералштабот на Армијата на Македонија, генерал-мајор Сaшко Лафчиски и на Генералштабот на вооружените сили на Унгарија, генерал Габор Беренди.
На Беренди, кој е во возвратна официјална посета на Македонија, како што информира денеска, началникот на ГШ Лафчиски, ќе му бидат понудени капацитетите на армискиот полигон „Криволак“ за реализација на обуки на вооружените сили во Унгарија.
Целта на посетата, според Лафчински, е интензивната билатерална соработка на двете армии, посебно во доменот на специјалните сили на Армијата и на Унгарските вооружени сили. Во рамките на посетата на Кампот за обука на вода во Охрид на плажата „Бафало Бич“ беше изведена вежба „препад на пловен објект и командно место“, во која учествуваа припадници на вооружените сили од двете земји.
- Тие се скоро две недели во Охрид, каде што реализираат обука за специјални операции, односно нуркачка обука. Посетата ќе ја искористиме да ги посетиме припадниците, да ги видиме нивните впечатоци и да продискутираме за идни соработки, рече Лафчиски.
Припадници на Генералштабот, додаде, ќе ги презентираат плановите за модернизација и трансформација на Армијата и ќе побараат поддршка од Унгарската армија.
- Трансформацијата на конвенционалните сили е тековен процес кај нас. Првата фаза на лесна пешадиска батаљонска група е завршена, сега одиме кон втората фаза, опремување и трансформација во останатите маневарски батаљони, истакна началникот на ГШ.
Тој посочи дека во тек е соработка на специјалните сили на двете држави и оти било договорено наши нуркачи, односно припадници од специјалните сили да земат учество на нивни курсеви, кои се специјално дизајнирани за инструктори за нуркање.
Состојбата со борбената готовност на Армијата, Лафчиски ја оцени на високо ниво, а во однос на зголемувања на персоналот и финансиските средства кои се одвојуваат за Армијата, како и опремата, најави дека ќе расте интензивно и нарендиот период.
Ново на Сител
-

ПМФЛ: Вардар сигурен против Тиквеш, Пелистер победи во Струмица
-

Кој е човекот што пукаше на гала вечерата на Трамп со дописниците од Белата куќа
-

Кениецот Саве прв истрча маратон под два часа
-

Четворица малолетници ограбиле маркет во ГТЦ, при претрес пронајдени нож и електрошок
-

Маж од кичевско додека возел се пожалил на болка во градите, излетал од патот и починал
-

74-годишна жена паднала при нагло кочење на автобус во кој се возела и тешко се повредила
-

Контрола на полицијата на патниот сообраќај во неколку општини, уапсено едно лице, изречени 12 мерки
-

Светските лидери го осудија вооружениот инцидент во Вашингтон
