Економскиот раст е добар показател, се бара решение за инфлацијата
Добар сигнал дека економијата заздравува е објавениот податок за раст на БДП од 3%. Според експертите, благото заживување кај бизнисот веќе се чувствува и е резултат на стабилизацијата која започна лани.
Зголемената лична потрошувачка, која учествува со 70% во структурата на БДП се должи на растот на платите и пензиите. Повисоките приходи ги тераат граѓаните повеќе да трошат., но на тој начин и ја подгреваат инфлацијата. Токму затоа препорачуваат – Владата да го зетегне ременот.
- Гледаме значи на фисклана консолидација, но тоа не е доволно. Владата треба да ја зголеми пруденстноста во делот на платите и пензиите, изјави Марјан Петрски, универзитетски професор.
Се бара начин како да се спречи растот на платите, кој притиска кај порастот на трошоците за живот, децидна е и министерката за финансии Кочоска. Владата ќе реагира соодветно - со реквалификација на работната сила, но и со промена на политиките во земјоделието, бидејќи високите субвенции не го зголемија домашното производство и се уште се увезува скапа храна.
- Едниот момент се колективните договори, кои што ги имаат различни институции, со кои во континуитет преговараме и договараме како понатаму, но ние мораме да ги испочитуваме обврските кои некој пред нас ги преземал, тоа е едниот момент. И вториот момент кој мене многу повеќе ме загрижува тоа е дека просечната плата и понатаму ќе расте поради тоа што нема доволно работна сила и компаниите во приватниот сектор имаат голем проблем со ова. Сега се трудиме нешто да направиме во тој дел со преквалификации, одредени промени на закони, но треба време да се направат анализи, рече Димитриеска-Кочоска.
Кочоска очекува растот годинава да продолжи, а главен двигател ќе биде градежништвото. Смета дека владините проекции за 3,7% пораст ќе бидат достигнати.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар