ВМРО-ДПМНЕ: Вистината не може да се крие во недоглед, лагите на СДС испливуваат на површина и ги потврдуваат институциите
Во СДС повеќе од јасно е дека не можат да се фокусираат на својата основна работа, па почнаа да глумат истражители и даваат идеи како треба да постапуваат надлежните во правосудството.
Како и да е, ги разбираме од СДС, тие се навикнати нивните обвинители и судии да ја кријат вистината на сите можни начини.
Е па, вистината не може да крие во недоглед.
Многу е јасно, обвинителството ја отфрли пријавата за директорот на АНБ, Бојан Христовски.
Со оваа одлука на обвинителство вистината излезе на виделина.
Сите лаги на СДС паднаа во вода.
Да потсетиме, а во СДС знаат и сами правосудниот систем не може да работи само под притисоци и да ги крие нивните лаги, имаше и случаи во кои судот јасно докажуваше дека клеветат.
Од ден на ден, се покажува и докажува дека СДС е фабрика за лажни вести.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Приведени дрвокрадци од скопско | ФОТО
-
Влада: Оперативниот план за вработување за 2025 година зголемен за 7,5 милиони евра
-
Државниот завод за статистика со свечена академија ќе одбележи 80 години постоење
-
Седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата
-
Украина и Русија денеска во Истанбул на втора рунда преговори за прекин на огнот
-
Томислав Томашевиќ реизбран за градоначалник на Загреб
-
Евростат: 24 проценти од децата во ЕУ се изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост
-
Сончево и топло со температура до 33 степени