Сиљановска Давкова: Казахстан е респектабилен играч на економската и дипломатската сцена, чиј најголем трговски партнер и инвеститор е ЕУ
Можностите за зајакнување на севкупните билатерални односи во повеќе сфери, меѓу кои економијата и инвестициите, енергетскиот и градежниот сектор, обновливите извори на енергија, но и во културата, туризмот и науката, како и актуелните геополитички случувања биле во фокусот на разговорите на денешната средба на претседателката Гордана Сиљановска Давкова во Астана со претседателот на Република Казахстан, Касим-Жомарт Токајев.
За средбата претседателката информираше преку својот Фејсбук профил, оценувајќи дека е вистински предизвик да се разговара со Токајев за севкупните билатерални односи, но и за меѓународните, со оглед на, како што напомена, неговиот научен, политички и висок дипломатски профил во рамките на ООН.
- Обајцата изразивме спремност за проширување и продлабочување на односите во економијата и инвестициите, енергетскиот, градежниот сектор и обновливите извори на енергија, но и во културата, туризмот и науката. Казахстан е респектабилен играч на економската и дипломатската сцена, чиј најголем трговски партнер и инвеститор е ЕУ. Ние сме мала држава со стратешка локација и поволна клима за инвестирање на казахстанските компании, нагласи Сиљановска Давкова.
Претседателката додаде дека треба да се искористи можноста за пласирање на македонското вино со врвен квалитет, но и на фармацевтските производи на казахстанскиот пазар. Исто така, дополни таа, треба да се разгледа можноста за визна либерализација во фунција на туристичка соработка, по примерот на земјите од регионот.
- Се согласивме дека светот мора да му се врати на мирот. Заклучивме дека е време за официјална државна посета во Скопје или Астана, истакна Сиљановска Давкова.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Астана учествува на Меѓународниот Астана форум 2025.
Како што соопштија од Кабинетот на Сиљановска-Давкова, предвидено е таа да се обрати на пленарната сесија што ќе ја отвори претседателот на Казахстан, Токајев.
Меѓународниот Астана форум 2025 се одржува од 29 до 30 мај 2025 година, на тема „Поврзување на умовите, обликување на иднината“.
- Форумот се позиционира како значајна иницијатива за унапредување на мултилатерализмот и заедничкото дејствување во решавањето на глобалните прашања. Меѓу клучните теми се геополитичките предизвици, климатските промени и економските промени на глобално ниво, соопштија од Кабинетот на Сиљановска-Давкова.
Ново на Сител
-
Приведен 42-годишник од Тетово, управувал со возило под дејство на алкохол
-
„Велт ем Зонтаг“: Бројот на натурализации во Германија достигна нов рекорд - речиси 250.000 во 2024 година
-
Јаневска: Модернизација на студиските програми и повеќе пракса во компании ќе ги задржи студентите на нашите универзитети
-
Џефри Сакс: „Четворицата мускетари“ нема да обезбедат воена победа за Украина
-
За околу два часа распродадени картите за концертот на Металика во Атина
-
Трибина за Оперативниот план 2025: Младите да останат во земјава, луѓето во социјален ризик економски да се осамостојат
-
Турските власти издадоа налози за апсење на 47 опозициски функционери, досега приведени 28
-
Отворен нов спортско-рекреативен центар во 11 Октомври – Бараки