Македонија
27. May 2025 - 12:31
Внимателно во Охрид, крадци од цела Македонија оперираат
Крадци од цела Македонија оперираат во Охрид.Со оглед на тоа дека во градот има туристи а и во пресрет на шпицот на летната сезона од охридската полиција најавија засилени контроли и тоа најчесто на оние места каде има зголемен број на посетители на најавените концерти ,по ноќните клубови ,центарот на градот и плажите долж езерото .
Мобилните телефони,паричниците,накитот се најлесниот плен за крадците.
Во летните месеци кога расте бројот на кражби поради зголемената фрекфенција од луѓе вдолж охридско-струшката ривиера, од охридската полиција апелираат на подигнување на свеста за поголема одговорност кон своите предмети.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->