Автомобил влета во толпа навивачи на Ливерпул, најмалку 50 повредени | ВИДЕО
Најмалку 50 лица, меѓу кои четири деца, се повредени во „ужасен“ инцидент во Ливерпул, откако автомобил удри во толпа луѓе за време на прославата на шампионската титула на фудбалскиот клуб Ливерпул, јави ДПА.
Помошник-комесарот на полицијата во Мерсисајд, Џени Симс, изјави дека настанот, кој се случи на државен празник, не се третира како терористички чин и најверојатно е изолиран случај. На местото на инцидентот е уапсен 53-годишен маж, кој е идентификуван како возач на автомобилот – белец од Ливерпул.
Според полицијата, 27 лица се пренесени во болница, а уште 20 се лекувани на самото место. Четири деца се меѓу повредените, од кои едното е со сериозни повреди. Двајца од повредените се во тешка состојба
Шефот на противпожарната служба во Мерсисајд, Ник Сиерл, рече дека пожарникарите успеале да спасат четири лица, вклучувајќи и дете, кои биле заглавени под автомобилот.
Видео снимки што кружат на интернет прикажуваат како автомобилот забрзува и удира пешаци од двете страни на улицата преполна со луѓе. Сведоци се обиделе да го сопрат возачот, кој подоцна бил приведен од полицијата.
Очевидецот Лес Винспер (55) за „Гардијан“ изјави: „Луѓето почнаа да удираат по прозорците. Ги скршија, тој се исплаши и нагази на педалата за гас. Удри едно лице, тоа одлета во воздух и потоа продолжи да гази и други.“
Друг сведок, Мајк Мадра, рече дека автомобилот „сврте лево, се качи на тротоарот и се забрза кон зградите“, додавајќи дека изгледало како намерно да удира луѓе.
„Овие сцени во Ливерпул се ужасни – моите мисли се со сите повредени и засегнати, порача британскиот премиер Киер Стармер, – Секој, особено децата, треба да може да ги слави своите херои без вакви ужаси, додаде тој.
Поранешни фудбалери на Ливерпул изразија шок и сочувство, а Премиер лигата објави дека е „згрозена од настанот и ги поддржува сите повредени и нивните семејства“.
Парадата на Ливерпул, на која присуствуваа илјадници навивачи и покрај дождот, траеше три и пол часа и опфати 16 километри низ градот.
Ново на Сител
-
ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва дискутира за предлог-кандидатите за градоначалници за локалните избори
-
Мицкоски: Македонија во силно сојузништво со Обединетото Кралство, промените се случуваат
-
Платини го брани Мбапе: Не го терајте да игра како Меси
-
Започнува продажбата на билети за Македонија - Белгија
-
Јунајтед исвиркан во Куала Лумпур, Аморим вели тоа може да биде корисно
-
Николоски по ратификацијата на договорот: Ќе ја направиме Македонија подобро место за живеење
-
Трамп вели дека го предупредил Нетанјаху да не го напаѓа Иран
-
Малолетник приведен за пет тешки кражби