Македонија
26. May 2025 - 13:18

Приведен 71-годишник, управувал со возило со 1,64 промили алкохол во крвта

На 25.05.2025 во 21.54 часот кај место викано „Монопол“ во Валандово, полициски службеници од ОВР Валандово го лишија од слобода Т.П.(71) од с.Пирава, валандовско.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,64 промили алкохол во крвта.

Тој е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.