Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари
Пратеничката Мимоза Муса од Алијанса за Албанците попладнево преку својот Фејсбук профил соопшти дека останува дел од владината коалиција што практично значи дека уште еден пратеник го напушта Арбен Таравари.
-Пред една година, на 8 мај, ја добив довербата од над 107.000 Албанци како пратеник на Алијансата за Албанците, на листата на коалицијата Влен. Овој мандат не е само бројка, тој е глас на народ кој е уморен од повеќе од 20 години владеење на ДУИ и кој постојано бара промени. Минуваме низ тежок политички период и со право многу поддржувачи, пријатели и соработници прашуваат: Со кого е пратеничката Мимоза Муса?, напиша Муса.
Додава дека нема да ја изневери довербата од гласачите.
-Нема да ја изневерам довербата што ми ја дадовте. Не сум тука поради лични интереси, туку да му служам со достоинство и одговорнист на секој гласач кој веруваше во оваа мисија. Промената започна и ние ќе продолжиме понатаму, посочува Муса во објавата.
Претходно, вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи и пратеникот Салим Сулајмани исто така соопштија дека го напуштаат Арбен Таравари.
Таравари ја напушти Владата по несогласувањата во коалицијата „Вреди“. Претседателството на Алијанса за Албанците реши на локалните избори да оди со самостојни листи за советници. Партнерите од коалицијата „Вреди“ обвинија дека Таравари се приклонува кон опозициската ДУИ.
Ново на Сител
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот
-
Вардар прв финалист во ракометниот Куп на Македонија
-
Неизвесен победникот на претседателските избори во Полска
-
Нормализиран сообраќајот на делницата Демир Капија – Смоквица
-
33-годишна жена загина, а шест лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар
-
Во Појасот Газа за еден ден загинаа најмалку 60 луѓе, а 284 се повредени
-
Коњановски ја посети локацијата каде падна кран на градежен објект во Битола
-
ОЈО поведе постапка против скопјанец за семејно насилство кон партнерката и нејзината мајка