Луѓе заробени на покриви откако поплави го погодија источниот брег на Австралија

Обилни дождови предизвикаа поплави долж источниот брег на Австралија, сериозно погодувајќи ги помалите градови на околу 250 километри северно од Сиднеј, каде што жителите беа заробени на покриви, јавија денеска локалните медиуми.
Меѓу најтешко погодените се градот Тари во винскиот регион Хантер Вали и градот Вингам на средниот северен брег, пренесе ДПА.
Австралиската телевизија Еј-Би-Си информира за „поплави на невидени нивоа“, опишувајќи драматични сцени додека хеликоптери и чамци ги евакуираа жителите заробени на покриви среде обилни дождови и силни ветрови, придружени со ниски температури.
Локалните власти соопштија дека околу 1.600 лица од итните служби биле распоредени за да помогнат во спасувачките напори.
Некои жители ја поминаа ноќта заглавени на покриви среде надојдените води. Една жена за каналот 9 Њуз изјави дека таа и нејзиното семејство биле заробени околу 12 часа, опкружени со брзо надојдени кафеави поплавни води.
Реката Менинг во регионот се искачи на рекордно ниво од над 6 метри, надминувајќи го претходниот максимум поставен во 1929 година, според 9 Њуз. Властите предупредија дека нивото на реката може да се зголеми уште повеќе доколку продолжат обилните дождови.
Повеќе од 80 училишта првично останаа затворени, а во регионот има и прекини на струја. Метеоролозите предвидуваат обилни дождови до петок. Бирото за метеорологија издаде предупредувања за „опасни по живот ненадејни поплави“ во неколку области.
Ново на Сител
-

Избори во Унгарија: Трамп му вети на Орбан огромна помош за да ја развие економијата на Унгарија
-

Ерусалимското платно - порта до светата земја и Христијанството
-

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари
-

Уапсено лице од Делчево, во неговиот дом пронајдени четири различни видови на дрога
-

Велика Сабота - ден меѓу смртта и воскресението
-

Астронаутите од „Артемис II“ безбедно слетаа на Земјата по летот околу Месечината | ВИДЕО
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден
-

Преговорите меѓу САД и Иран започнуваат во Пакистан
