Уставен суд: Постапувањето на Судски, Собрание и Судовите е правен преседан
Одлуката на Управниот суд за поништување на изборот на уставната судијка Дуковска, ја одложи расправата за Законот за употреба на јазиците. на неколку часовен состанкок, уставните судии заклучиле дека постапувањето на судскиот совет, собранието и управните судови предизвикале правен преседан и го втурнал судот во состојба со која досега се нема соочено. Првите последици ќе ги сноси Законот за употреба на јазиците, предмет кој го овдеше токму судијката Дуковска.
„Да се одложи подготвителната сендица по предметот за Законот за употреба на јазиците, која беше закажана за 19 јуни од причина што судијата на кој се однесува поништената одлука за избор со пресудата на Управниот суд е судија – известител на конретниот предмет, а дополнително Судот има донеснео Заклучок според кој постапувањетѕо по овој предмет треба да биде во полн состав на судот“.
За останатите предмети во кои постапувала Дуковска, од Уставен велат дека нема да има импликации, бидејќи одлуките на судот биле конечни.
Според одлуката на Управниот суд, изборот на уставната судијка Дуковска е поништен бидејќи иако имало тројца кандидати, Судскиот совет гласал само за неа. Прва била за гласање, ја поддржале 11мина членови, па советот одбил да гласа за останатите двајца кандидати.
„Веќе е избран судија, согласно Деловникот, штом е донесена одлуката, не може да се носи втора и трета одлука, а законската одредба е одлуката да се донесе со 8 гласа „ЗА“, истакна на седницата тогашната претседателка на Судски совет, Весна Дамева.
Но, од Управен велат дека со тоа на останатите кандидати, им била ускратена можноста за еднаквост при изборот и поддршка преку гласање.
„Со негласање по останатите два предлози оневозможена е еднаква примена на правилата на постапката за сите кандидати, со оглед дека само еден кандидат добил можности за реална поддршка преку гласање, а на другите два кандидати им е ускратена можноста да имаат ист третман и еднакви можности при изборот што влијае врз законитоста и транспраентноста на постапката“, се вели во пресудата на Управниот суд.
Пред членовите на судски не биле ниту биографиите на кандидатите, а советот погрешил и кога предлогот Дуковска да биде уставен судија го испратил до Собранието. Наместо, претседателката или нејзиниот заменик, тоа го сторил членот кој ја предложил за уставна судијка.
Од судски велат дека штом ја добијат одлуката ќе се разгледа и на седница ќе има нов избор, а предлогот ќе биде испратен до Собранието.
Министерот за правда вели нема рок за избор на нов уставен судија, но го повика Судски да ја повтори постапката.
Одлуката за поништување на изборот на Дуковска, следи откако нејзината противкандидатка Антоанета Димовска ја оспори постапката пред Управниот суд.. Подоцна, Димовска беше избрана за член на Судски совет..
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар