Преглед на вестите од светот
Киев: Оссумина загинати, Руски напад врз цивилен автобус
8 лица загинаа а седум се повредени утрово во руски напад со дрон врз цивилен автобус во украинскиот регион Суми, соопштија украинските власти. Гувернерот Олег Хригооров го нарече нападот нехуман, а претседтелот Зеленски изајви дека станува збор за намерно убиство на цивили. Засега нема коментар од руските власти додека руските државните медиуми јавија дека бил погоден воен објект во Суми. Руската армија објави дека
Кремљ: Состанок Путин и Зеленски е можен доколку се постигнат одредени договори
Рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски би можеле да се сретнат, доколку преговарачките делегации постигнат одредени договори, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ден по мировните преговори помеѓу Русија и Украина на кои е договорена размена на по 1000 воени заробеници, но не беше постигнат договор за прекин на огнот. По ова прашење, двете страни се согласија да размената сипсоци со услови за прекин на огнот. На прес конфенецијата во Моксва , Песков не прецизираше какви договори ке бидат потребни од гледна точка на Русија за Путин да се сретне со Зеленски.
- Таква средба, како резултат на работата на делегациите на двете страни, по постигнување одредени договори на овие делегации, е можна. Но токму како резултат на работата и по постигнување одредени резултати во форма на договори. Во исто време, при потпишувањето на документите главната и фундаментална работа за нас останува кој точно ќе ги потпише овие документи од украинска страна“, изјави Дмитриј Песков, портпарол ан Кремљ.
За Русија Зеленски е нелигитмен претседел , бидејки неговиот избран мандат истече мината година. Украинскиот лидер одби да распише нови избори, повикувајќи се на воена состојба. Според Кремљ, легалната власт во Украина сега е на парламентот.
Пет загинати во торнадо во Сент Луис
Торнадо го погоди Сент Луис во американската созјузна држава Мисури, при шти загинаа најмалку пет лица. Над 5000 домови се оштетени а околку 100 000 домаќинства останале без електрична енегија.
- Прозорците излетаа од спалната соба. Целиот заден дел од мојата куќа. Ова е моја, беше мојата соблекувална и сега може да се види директно во уличката. И, исто така, долу, мојот ѕид од кујната, ѕидот на трпезаријата, ѕидот од спалната соба овде, целосно исчезнаа“.Џоан Милер.
- „Седев (возев) и чекав да се смени светло (на семефарот).слушнав дека нешто удри во мојот автомобил и се свртев да погледнам и дрвото падна врз мојот автомобил, ми го скрши подвижниот покрив, преднота шофершајбна, се активираа воздушните перничиња на возачката страна.
Агеницијата Мудис го намали кредитниот рејтинг на САД
По агенциите Фич и Стандард и Пурс и третата голема рејтинг агенција Мудис го намали кредитниот рејтинг на САД. Причината е високиот национален долг. Белата куќа реагираше бурно на намалувањето на рејтингот.
Рејтинг агенцијата „Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на САД од највисокото ниво Ааа на Аа1, поради загриженоста за растечкиот долг на земјата од 36 трилиони долари.
САД го загубија последниот совршен кредитен рејтинг, бидејќи влијателната рејтинг компанија Мудис изрази загриженост поради способноста на владата да го врати својот долг.
При намалувањето на американскиот рејтинг од „ААА“ на „Аа1“, Мудис забележа дека последователните американски администрации не успеале да ги вратат зголемените дефицити и каматните трошоци.
Рејтингот со тројно А означува највисока можна кредитна доверливост на земјата и укажува дека се смета дека е во многу добра финансиска состојба со силен капацитет да ги отплати своите долгови. Мудис во 2023 година предупреди дека рејтингот на САД со тројно А е загрозен.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар