Македонија
12. May 2025 - 12:25

Со симулација на сообраќајна несреќа во Прилеп се одбележа 12 мај, Ден на медицинските сестри

Две млади лица од кои едното управуваше мопед, а другото велосипед се судрија во центарот на Прилеп и завршија со големи повредени на рацете нозете и рбетот. За многу кратко време пристигнаа екипите на полицијата, противпожарната служба и Итната помош кои им помогнаа на повредените. За среќа ова беше само симулација на една ваква несреќа.

Настанот е организиран од Здружението на медицински сестри, акушерки и стоматолошки сестри „За Нас“, ОВР Прилеп, ТППЕ Прилеп и Итната помош по повод 12 мај Меѓународниот ден на медицинските сестри. Пред се целта на настанот е да сврти вниманието кон оваа профгесија за која мединцинските сестри бараат подобри услови. Само во Прилеп недостигаат 20% од потребниот број на медицински сестри.

Како дел од настанот беа и учениците од средното училиште СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп од здравствената струка кои бесплатно мереа шеќер и притисок за присутните граѓани.