Пакистан подготвен за мир ако Индија ги запре воените дејства, вели министерот Дар
Пакистанскиот министер за надворешни работи и потпретседател на владата, Ишак Дар, денеска изјави дека Пакистан е подготвен да размисли за мир доколку Индија ги запре воените дејства, пренесе ДПА.
Во интервју за телевизијата „Гео Њуз“, Дар рече дека „топката е на индискиот терен“ и додаде дека војната не е приоритет за Пакистан, но дека земјата сака мир без хегемонија од ниту една страна.
Дар откри дека утринава разговарал со американскиот државен секретар Марко Рубио и со саудискиот министер за надворешни работи, опишувајќи ги разговорите како „позитивни“. Тој изрази надеж дека преговорите со Индија можат да започнат. На прашањето дали имало комуникација меѓу војските на двете земји по последните напади, Дар потврди дека „биле разменети пораки“.
Ново на Сител
-
Трамп повика на средба меѓу Украина и Русија во Турција оваа недела
-
ПМФЛ: Вардар го доби Работнички во градското дерби
-
Македонија ја совлада Литванија и се пласираше на ЕП 2026
-
Куче врзано за кола и влечено во Крива Паланка
-
Малолетничка пријавила дека доктор ја допирал по телото на клиниката „Мајка Тереза“
-
Папата Лав Четиринаесетти ги повика светските сили да ги прекинат сите војни
-
Мицкоски: Следната недела ќе имаме завршна средба со Таравари, Владата е стабилна и фокусирана на проекти
-
Вандали ја саботирале електричната инсталација во штипската модуларна болница