Loading Video...
Свет
8. May 2025 - 12:15

Преглед на вестите од светот

Црн чад се издигна од оџакот на Сикстинската капела, сигнализирајќи дека првото гласање на кардиналите, собрани во конклава за избор на нов поглавар на Римокатоличката црква, заврши без резултат. Чекањето беше подолго од очекуваното – чадот се појави повеќе од три часа по почетокот на конклавата. Избор на папа во првиот ден од конклавата не се очекуваше, бидејќи во модерните времиња такво нешто не се случило.

Некои кардинали изјавија дека се надеваат конклавата да заврши до четврток или петок, покажувајќи дека Црквата може да остане обединета по 12-годишното раководење на папата Франциск, кој почина минатиот месец.

133 кардинали-избирачи, сите помлади од 80 години, ноќта ја минаа во една од двете ватикански гостински куќи, каде што можат да продолжат со неформални разговори пред да се вратат во капелата. Предвидени се по два круга гласање дневно во утринската и попладневната сесија во наредните денови, сè додека еден кандидат не обезбеди двотретинско мнозинство – односно поддршка од најмалку 89 кардинали. бел чад од оџакот на Сикстинската капела значи дека е избран нов папа.

Во Москва траат подготовките за одбележување на Победата над фашизмот што ќе се одржи на 9.мај. Голем број високи гости претседатели веќе пристигнаа во главниот град на Русија, а меѓу нив се наоѓа и претседателот на Кина Си Џинпинг, кој ќе има средба со рускиот претседател Владимир Путин денеска. Меѓу другите гости се: на Бразил Лула да Силва, на Белорусија Александар Лукашенко, на Венецуела Николас Мадуро, словачкиот премиер Роберт Фицо, српскиот претседател Александар Вучиќ и други. Воедно сите руски противвоздушни системи се насочени за одбрана на небото над Москва на ден пред парадата.

Русија соопшти дека ги прекинува борбените дејствија за време на примирјето, но украинските власти рано утрово објавија за нови бомбардирања и покрај едностраното примирје објавено од рускиот претседател Владимир Путин, кое наводно стапи на сила на полноќ. Претседателот на Украина Зеленски истакна дека украинскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот сè уште важи, а нема реакција од Москва

Русија поставува нереалистични барања за крај на војната во Украина, и во Белата куќа постои растечко незадоволство околу обидите да се продолжат мировните разговори со Москва, изјави американскиот потпретседател Џеј Ди Венс.

На средба со групата лидери од Минхенска безбедносна конференција во Вашингтон, Венс рече дека САД се фокусираат на долгорочно решени откако Русија ја одби иницијативата на Вашингтон за 30-дневен прекин на огнот. Москва објасни дека привремено примирје не е во нејзин стратешки интерес бидејќи би и овозможило на Украина да се прегрупира.

Тој додаде дека следниот чекор е да се поттикнат Украина и Русија да започнат директен дијалог.