Македонија
6. May 2025 - 12:20

Нуркачи ќе го чистат охридското езеро

Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид викендов ќе ја реализира еколошката акција „Охрид ЕКО 2025“ за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад.

Десетици нуркачи од земјата и регионот в сабота на повеќе локации кај Градското пристаниште, кај Љубаништа, Заливот на коските, автокампот „Градиште“ и кај Калишта ќе го чистат езерското дно, од пластика, метал и секаков вид цврст отпад депониран во езерото.

Целта на акцијата што се организира четврта година по ред пред главнта туриситчка сезона е заштита на биодиверзитетот, подигнување на свеста кај населението и зачувување на природната убавина на eзерото, велат од Нуркачкиот центар „Амфора“,