Македонија
3. May 2025 - 19:48

Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар

Поставен камен-темелник на автопатот Тетово-Гостивар долг 18 километри. Проектот чини 90 милиони евра. Делницата треба да биде готова за две и пол години. Прoeктот предвидува шест сообраќајни ленти, три во секој правец, односно две за возење и една за застанување. Ќе се градат и девет натпатници.

Бехтел и Енка, пак, бара работници. Потребни им се камионџии, управувачи на машини, армирачи, градежни инженери.

На настанот присутна беше и американската амбасадорка Агелер.

Од СДСМ обвинија дека ВМРО-ДПМНЕ се лицемерни.

„Токму проектот со „Бехтел и Енка“ што тие со месеци го оцрнуваа, го блокираа и го нарекуваа „историски криминал“, денес со гордост го промовираат. Ако е „историски криминал“ дали тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ влегува во криминал? Едно е јасно, лицемерието на ДПМНЕ нема граници, но сепак добро е што продолжува реализацијата на стратешки проект на СДСМ“, пишуваат од опозицијата.

„Кој и да ги пишува соопштенијата и реакциите на СДС, сигурно е нов во работата и не замеруваме и никој не треба да замери, сепак што би можеле да кажат во своја одбрана што освен што немаа проект, тие два-три што ги почнаа или се коруптивни или заглавени и блокирани или и двете“ им вратија од ВМРО-ДПМНЕ.