Николоски: За две и пол години од денеска ќе имаме автопат по сите прописи и стандарди
Во јуни 2024 година кога беше формирана оваа Влада, вкупно беа експроприрани 560 парцели на трите делници. Денес имаме 2497 парцели експроприрани, прогресот е помножен околу пет пати. Тоа значи дека отвораме фронт за работа на делницата Тетово - Гостивар од 17,5 километри, на Гостивар - Букојчани 14,7 километри и Прилеп-Битола 29 километри или планот до ова лето активно да се работи на изградба на автопати во рамки на коридорите 8 и 10 д некаде од 65 до 68 киломтери, што е огромен прогрес, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој присуствуваше на поставувањето камен-темелник за изградбата на автопатот Тетово - Гостивар.
Како што истакна Николоски, за две и пол години од денеска ќе имаме автопат по сите прописи и сите стандарди какви што заслужуваат граѓаните од Полошкиот регион и од целата држава.
-Денеска почнуваме нов проект, автопатoт Тетово - Гостивар, дел од Коридорот 8. Ова, десно од нас, сите го нарекувавме автопат во минатото, но не беше автопат, беше експресен пат. За две и пол години од денеска ќе имаме автопат по сите прописи и сите стандарди какви што заслужуваат граѓаните од Полошкиот регион и од целата држава. Автопатската делница ќе биде долга 17,5 километри, а вредноста ќе изнесува околу 90 милиони евра. Прoeктот предвидува шест сообраќајни ленти, три во секој правец, односно две возни ленти и една за застанување, нагласи Николоски на почетокот на градежните работи.
Според него, тајната е многу едноставна, а се вика работа и подршка.
Николоски изрази благодарност за поддршката и соработката до премиерот, Јавното претрпијатие за државни патишта, до својот тим во Министерството за транспорт, како и до цела Владата. Информира и дека следниот работен состанок со тимот на „Бехтел и Енка“ со кои се среќава на неделно ниво, ќе биде во вторник.
Ново на Сител
-
Кон средината на мај, Трамп во Ријад ќе се сретне со лидерите на земјите од Заливот
-
Во Радовиш приведени две лица сторители на 14 тешки кражби
-
Во Битола затекнати 23, а во Охрид шест малолетници после 24:00 часот
-
66-годишник во инвалидска количка повреден од автобус на улица во Струга
-
60-годишник со возило „Форд“ излетал надвор од патот, возачот починал на местото на настанот
-
Приведен 36-годишник од Крива Паланка, управувал возило со 1,58 промили алкохол во крвта
-
Двајца загинати и 31 повреден во судар на автобус и автомобил на автопат во Хрватска
-
Британската полиција уапси осум мажи осомничени за терористички активности