Родителите мора да ја почитуваат реонизацијата при запишување на првачињата
Родителите кои годинава ќе ги запишат своите првачиња мора да ја почитуваат реонизацијата, односно, децата ќе мора да се запишат во најблиското училиште до нивната куќна адреса. Со новиот Закон за основно образование донесен во јануари годинава, точно се утврдува во кое училиште децата мора да бидат запишани, но и во кои случаи може да има отстапки.
- Има точно наведени услови под кои може да се прекрши реонизацијата, а тоа е, според член 63 од Законот за основно образование, детето треба да има наод и мислење доколку има посебни образовни потреби и доколку во училиштето има подобри услови за настава, отколлку во училиштето во кое припаѓа. Значи, доколку има физички хендикеп, може да го запишпе детето во друго училиште со подобри услови или во вториот случај, кога во учиулиштето каде треба да се запише нема настава на мајчин јазик, изјави Снежана Санева, раководител на Сектор образование, јавни дејности и ЛЕР, ЛС-Штип
Пред 2 години, Европскиот суд за човекови права во Стразбур, пресуди во корист на 30-ина ромски семејства од Штип и Битола кои поднесоа тужба, бидејќи сметале дека врз нивните деца се врши сегрегација во училиштата. Во учебната 2017/2018 година биле формирани 3 паралелелки за прво одделение во штипското ОУ „Гоце Делчев“, од кои две биле мешани, а во третата биле само ученици Роми. Според пресудата државата е должна да им исплати 46 000 евра или по 1200 евра по лице.
Меѓутоа и од географска гледна точка, најповеќе ромски семејства живеат околу ова училиште, па почитувајќи ја реонизацијата, се случува да се формираат чисти етнички паралелки. Според податоците на МВР, годинава во школските клупи во петте основни училишта во Штип треба да седнат 470 првачиња, но поради иселувањето, праксата покажува дека оваа бројка ќе биде многу помала.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар