Свет
3. May 2025 - 13:40

Зеленски: Киев не може да ја „гарантира безбедноста“ на светските лидери при посета на Москва

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Москва е одговорна за безбедноста на светските лидери што ќе ја посетат Русија за големите комеморации по повод Втората светска војна планирани следната недела.

„Нашиот став е многу едноставен кон сите земји што патувале или патуваат во Русија на 9 мај - не можеме да преземеме одговорност за она што се случува на територијата на Руската Федерација. Тие ја гарантираат вашата безбедност“, изјави Зеленски.