Јавниот долг на најниско ниво во последните 5 години
Јавниот долг се спушти на најниско ниво во последните 5 години. Во првиот квартал од годинава, долгот се намалил за 4,7 поени на 57,7% од БДП. Регистрирано е и намалување во апсолутен износ.
За 3,7 поени се намалува и државниот долг кој во моментов е на ниво од 50,1% од БДП.
Премиерот вели, со одговорно трошење, целта е јавниот долг до крајот на мандатот да се спушти под 55% од БДП.
Според податоците кои ги објави Владата, само во првиот квартал од оваа година Министерството за финансии раздолжило близу 680 милиони евра вклучувајќи и 500 милиони евра за доспеаната еврообврзница.
Во последните 10 години Македонија го зголеми јавниот долг за повеќе од 100%. Во 2015 сме должеле 4,2 милијарди евра, а денеска нешто над 9,5 милијарди. Најмногу на годишно ниво сме се задолжиле во 2023 кога за 365 дена долгот скокнал за речи си 1,2 млијарди евра. Тоа значи дека Македонија секој ден се задолжувала за нови 3 милиони евра.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар