Loading Video...
Свет
2. May 2025 - 16:23

Преглед на вестите од светот

Поставен оџакот на Сикстинската капела во Ватикан

Со поставување на најпознатиот оџак во светот – оној на Сикстинската капела во Ватикан, почнуват подготовките за избор на нов папа. Кардиналите во Конклавите  ќе почнат во среда наутро. Доколку од оџакот излезе црн чад, тоа значи дека не донесле одлука, а белиот чад значи дека е избран 267 поглавар на Римокатоличката црква. Колку круга на гласање ќе има и колку денови ќе трае? Кардиналот Грегорио Роса Чавез очекува конклавата да биде кратка. . 

Не, близу е. Мислам дека конклавата ќе биде кратка, два-три дена. Така вели целиот свет“ вели Грегорио Роса Чавез

Во овој изборен процес учествуваат 133 кардинали, а за еден од нив да биде избран за папа мора да добие двотретинско мнозинство гласови, пренесуваат светските медиуми.

На претходната конклава одржана во 2013 година, кога беше избран папата Франциско, на белиот чад му претходеа пет круга гласање,

САД се повлекуваат од посредување во мировните преговори меѓу Русија и Украина

Сад повеќе нема да посредуваат и да помагаат во мировните преговри меѓу Украина и Русија. Ова го соошти портпаролката на Стејт департментот Тами Брус, која кажа дека ја менуваат методологијата во разговорите и повеќе нема да летаат околу светот при првиот повик за средби. 

Од Стејт департменотот велат дека сега останува на Киев и Москва да излезат со „конкретни“ предлози за завршување на војната и да се состанат директно за решавање на конфликтот. 

- Сега сè е на двете страни. Дојде време тие да презентираат и развијат конкретни идеи за тоа како да се заврши овој конфликт. Од нив ќе зависи – изјави Брус. 
Повлекувањето на Вашингтон од директно посредништво доаѓа по претходните предупредувања на САД дека ќе се повлечат од преговорите доколку мировниот предлог биде отфрлен и од Украина и од Русија.

- Алтернатива за Германија класифицирана како екстремистичка партија што и се заканува на демократијата. Така одлучи германската разузнавачка служба за партијата која го освои второто место на последните парламентарни избори. 

Оваа класификација им дава на властите значителни средства за следење и контрола на активностите, вклучително и приватните комуникации. АфД треба да се категоризира како потврдена десничарска екстремистичка партија, бидејќи е докажано дека АфД продолжува со напорите против слободниот демократски основен поредок. АфД претставува етнички концепт што дискриминира цели групи на население, вели Ненси фезер, министер за внатрешни раобти на Германија. 

Дебатата за можната забрана на АфД, што некои политички лидери ја иницираа во последните месеци, би можела повторно да се разгори.