-->
-->
Дебранец лишен од слобода поради поседување оружје и муниција
-->
Полициските службеници од Одделението за внатрешни работи лишиле од слобода жител на Дебар, откако кај него пронашле оружје и муниција.
-Вчера во 16 часот, лишен од слобода е С.Т.(39) од Дебар. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа пиштол марка „Пиетро Берета“ калибар 7,65 милиметри, рамка со 10 куршуми калибар 7,65 милиметри и 46 други куршуми за пиштол без никаква документација, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Според него по целосно документирање на настанот, против С.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Скопјанец силувал 15-годишен штитеник од установа за згрижување деца
-
„Пики блајндерс“ ќе добие и филм и нови епизоди
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека до еден час
-
Англија ќе им забрани на трансродовите лица да учествуваат во женскиот фудбал
-
Опожарена барака на улица „Самоилова“ во Скопје
-
Нов повик за субвенциониран студентски оброк, проширен е опсегот на мерката
-
Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава
-
ЦУК: Пробиштипјанец кој беше пријавен за исчезнат пронајден починат