Судиите бараат промена на состојбата во правосудството преку реформи , а не со оставки
Независното судство е основа за владеењето на правото, а оставките не значат реформи, вели првиот човек на Судскиот совет Александар Камбовски. Иако собранието изгласа интепелација на дел од членовите на Судски и анкетите покажа дека граѓаните бараат оставки враќање на довербата, Камбовски не се согласувал. Потребни биле измени на закони за да се случат промени.
Според него, не може да се зборува за независно дејствување, ако се уште финансирањето на судовите оди преку извршната власт односно Владата.
Без доволно кадар и ресурси , не може да се очекува ефикасно судство смета првиот човек на Кривичен. На Судиската конференција за независно судство, судиите побараа да бидат вклучени во законските измени за правосудството за да се смени лошата слика за целиот систем.
Критики за лошата состојба во правосудството стигна и од миисјата на Обсе во земјава. Алармираат дека неопходни се законски промени. Во наредниот период Мисијата на ОБСЕ најави поддршка на институциите за реформи и институционални подобрувања.
-
Ивана Соколовиќ Најдовa
Сите содржини од овој новинар