Македонија
29. April 2025 - 21:16

Изгоре куќата на Александар Пандов – директорот на управата за извршување санкции смета дека е подметнат

Изгоре куќа на Александар Пандов, директор на управата за извршување санкции.

Пандов, со кого контактираше Сител, основано се сомнева дека пожарот е подметнат.

Тој на социјалните мрежи напиша: „Ова е цената за удирање по мафијата. Нема да не запрат и нема да не поколебаат. Никој не е над законот. Нема враќање назад. Кога се бориш за правдата и кога ќе тргнеш против криминалот , тој се брани со насилство, но ова нема да ме запре, напротив, само ме зајакнува“, вели Пандов.