Повредени од трагедијата во Кочани продолжија со рехабилитација во специјализирани странски центри
Двајца повредени од трагедијата во Кочани кои беа на лекување во Литванија и Словенија продолжија со рехабилитација во специјализирани центри во истите земји. Посебни вежби и терапии добиваат и уште неколку пациенти во самите болници во странство каде се хоспитализирани повеќе од еден месец. Оние, пак, кои се враќаат дома во самите отпусни листи имаат препораки и совети од лекарите на што треба да внимаваат и како да не дојде до влошување на состојбата.
-Иако веќе е почната рехабилитација во странство, ние имаме овде англиски експерти ко идржат обуки на нашите лекари за да можат да ги прифатат и да продолжат овде со рехабилитација. Инаку од контактите секојдненви што ги имаме со лекаритер во странство, пациентире што се враќаат дома можат да продолжат со нормални активности, но да се пазат не многу на сонце, да бидат намачкани со заштитни креми, со долги ракави и секако тоа зависи од степенот и површината на изгореници, вели Јовица Андовски, заменик министер за здравство.
Англиските експерти не само што ги обучуваат македонските доктори за постапките кај пациенти со изгореници туку и колку може да трае рехабилитацијата кај дел од повредените. Некои ќе бидат подлежни на тие техники и методи и до две години.
Освен во странство, како што веќе објавивме, двајца пациенти се на рехабилитација во Клиниката за физикална медицина.
Во моментот на лекување во странство има 32 пациенти а за утре има најави за враќање на двајца кои беа на лекување во Бугарија.
Во трагедидјата во Кочани животот го загубија 62 лица а околу 200 беа повредени. Повеќе од стотина беа испратени на лекување во 22 европски земји.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар