Фотоволтаиците стануваат главен соујзник на земјоделците, а кај нас тоа е табу тема
И додека фотоволтаиците за производство на електрична енергија полека стануваат главниот соујзник на земјоделците особено на оние во државите од медитеранот, каде под пластеници покриени со вакви панели се создава микро климна, посебно за секоја култура и годишно растенијата даваат и по 4 берби, тоа кај нас е табу тема. Дел од растенија исто така не само во пластеници растат многу добро и под фотоволтаичните панели, ако се тие направени на доволно голема висина над нив, а на тие места пак каде нема вода или хидросистем со помош на бесплатната енергија од сонцето може да се извлекува вода и да се наводнува.
„Јас ве уверувам дека користејќи ја оваа нова технологија со производство на фотоволтаични системи, може да одгледуваме во пластеници многу поголемо количество на храна кое би било многу поквалитетно од таа храна што ја увезуваме. Но сепак за тоа треба да постои стратегија. Кога таа енергија би се користела во помош за добивање на тие микроклими или за извлекување на вода од овие региони, ќе имаме многу поголемо производство“, истакна Зоран Митрески, експерт за фотоволтаици.
Уште пред 7 години Зоран Митрески од Прилеп, експерт во полето во фотоволтаиците со група на ентузијасти биле во посета на нашето Министерство за земјоделство од каде добиле само тапкање по рамо дека проектот е одличен, но не добиле никава помош истиот да се реализира.
„Со факти им сугериравме дека може да направиме не 3, туку 4 или 5 култури користејќи ја исто така и лед технологијата, затоа што е познато дека секое растение реагира соодветно на одредена светлосна фреквенција.
Како реагираа тогаш институциите на презентацијата на оваа идеја?
Беа импресионирани од самата идеја, но не наидовме на разбирање, затоа што немаа наводно соодветни средства кои би биле на располагање за испитување на таков пластеник, што во тоа време тие пари не беа значителни. Но треба да постои волја“, додаде Митрески.
Со овие позитивни примери воопшто не се запознати земјоделците во Пелагонија. Беџет Исламоски е еден од поголемите производители во овој крај кој обработува над 200 декари земјиште засадувајќи го со најразлични култури
„Дали некој од вашите колеги од земјоделците употребува?
Нема никој досега, еве јас што сум заинтересиран, имам бушотини и сега деновиве ќе го тестираме бунарот дали има вода, планирам да редам панели. Како еден вид на викендица да правам и да редам панели, зошто да трошам нафта или бензин и со агрегати да се мачам.
Дневно колку трошите нафта за наводнување?
Дневно, јас како што имам 100 декари во летниот период тутун, бостан и пипер, дневно нема да ми стигнат 10.000 денари нафта за нон стоп агрегатот да работи со потопната пумпа во бунарот што го имам“, изјави Беџет Исламоски, земјоделец од с. Канатларци.
И од Агенцијата за поддршка на земјоделството истакнуваат дека кај нас скоро и да нема вакви примери. А за да постувањето на вакви фотоволтаици биде поддржано од ИПАРД или Националните програми за субвенции треба да има и одредени законски измени.
„Таков вид на фотоволтаици по покриле одредени програми како помош?
Да, генерално би се покривале, но сепак мислам дека во овој момент и законодавецот треба да кажи дали ќе даде соодветно одобрение за градба на таквата површина, затоа што таа површине доколку се пренамени во градежна, се губи во делот на земјоделска површина. Доколку локалните самоуправи, односно општините и законодавецот најдат соодветно решение за таквите постапки сигурно дека ќе има и конкретни баратели за такви проекти“, истакна Горан Томески, Агенција за поддршка на земјоделството и руралниот развој.
И наместо да ги искористиме овие потенцијали за жал ние како држава се уште остануваме увозно зависни за храна, за која годишно се даваат околу 1 милијарда евра.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар