Трамп: Путин само ме тапка по рамото

Претседателот на САД, Доналд Трамп, по кратката средба со неговиот украински колега Володомир Зеленски во Ватикан, синоќа објави долга порака во која, меѓу другото, ги обвини претходниците Барак Обама и Џо Бајден за војната во Украина, и го искритикува рускиот лидер Владимир Путин за манипулација.
=Путин немаше причина во изминатите денови да пука ракети врз граѓански цели, градови и населени места. Ова ме тера да помислам дека тој можеби не сака да ја запре војната, туку само ме тапка по рамото, изјави Трамп и се закани со нови санкции против Русија.
Тој повторно ги обвини своите претходници дека на сториле ништо да спречат Русија да ја нападне Украина.
=Ова не е моја војна, туку на заспаниот Џо Бајден, напиша Трамп за својот претходник, кој на погребот на Папата седеше четири реда зад него.
Зеленски напиша дека средбата со американскиот претседател била симболична.
=Многу симболична средба која има потенцијал да стане историска, доколку постигнеме заеднички резултати, истакна Зеленски и му се заблагодари на Трамп.
Според него, биле разгледани поенти како „целосен и безусловен прекин на огнот“ и постигнување „сигурен и траен мир кој ќе спречи нова војна“.
Особено внимание привлече разликата во предлозите: додека планот на Трамп нуди само нејасни безбедносни гаранции за Украина, украинската страна предлага создавање европска мировна мисија со поддршка од САД, напиша „Њујорк тајмс“.
Ново на Сител
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
