Средба на Сиљановска-Давкова со Кристоф Камп, висок комесар на ОБСЕ за национални малцинства
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова го примила високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства Кристоф Камп кој првпат е во посета на нашата земја по преземањето на функцијата во декември минатата година.
Како што информира Кабинетот на Сиљановска-Давкова, Камп говорел за улогата на ОБСЕ како организација чија основна улога е да превенира внатрешни, но и регионални немири и конфликти и притоа изразил подготвеност за експертска помош во креирањето или иновирањето на правната рамка, доколку има интерес и барање од страна на македонските институции.
- Изразувајќи благодарност за досегашната соработка, Сиљановска-Давкова се согласи дека ОБСЕ може да помогне во забрзувањето на македонскиот, но и на западнобалканскиот евроинтеграциски пат преку унапредување на заштитата на малцинските права, согласно фундаменталните документи за малцинствата. Високиот комесар понуди експертиза на постојната национална регулатива за заштита на малцинските права, како и на нејзината имплементација. Тој ја потенцираше важноста на инклузивниот процес на одлучување на сите нивоа во кој секој припадник на кое било малцинство ќе има шанса да учествува, се наведува во соопштението.
Претседателката Сиљановска-Давкова ја истакнала усогласеноста на нашата легислатива за малцинствата со највисоките стандарди за малцински права, „но и потребата од поголема грижа за помалите малцинства, со оглед на нивната ранливост“.
- Обајцата ја истакнаа важноста на добрососедските и пријателски односи, чиј важен фактор е почитувањето на малцинските права. Претседателката ја реафирмираше идејата за изработка на компаративна регионална студија за гарантирањето и почитувањето на малцинските права во балканските држави, вклучувајќи ја и нашата, информира Кабинетот на Сиљановска-Давкова.
Ново на Сител
-
Блумберг: САД ќе бараат Русија да го признае правото на Украина на сопствена армија и одбранбена индустрија
-
Најмалку 12 луѓе загинаа при рускиот напад врз Киев
-
Времето утре променливо облачно со дожд и грмежи
-
Тошковски за трагедијата во Кочани: Досега осомничени 68 физички и три правни лица, не се постапува селективно
-
Палестински извори: Најмалку 36 загинати во израелските напади во Појасот Газа
-
Инцидент во српска рафинерија: Истекоа 82.000 литри нафта, можно загадување на Дунав
-
Обвинителство бара мерки за претпазливост за претседателката на ДКСК за предметот „Адитив“
-
Љутков за исплата на платите на културните работници: Конечно направивме пресметка која што е достојна и законска