Пет пациенти од пожарот во Кочани се враќаат од лекување од Србија
После пет недели лекување во Клиничкиот Центар во Србија денеска петмина повредени од пожарот во кочанската дискотека во подобрена состојба се враќаат во Македонија, информираше министерството за здравство. Вчера во државата си дојде и пациент кој беше третиран во Хрватска и е под лекарски надзор на Клиниката за пластична хирургија.
Во странски центри остануваат уште 38, а во домашните болници хоспитализирани се 7-мина повредени од кои 4-ца се во Клиниката за хируршки болести Св. Наум Охридски.
- Тројца се пациенти кои цело време се лекуваат кај нас, а една е пациентка која е вратена од странство. Сите се во стабила и добра општа состојба. Тројца ќе бидат пуштени на домашно лекување, а очекуваме уште двајца пациенти да бидат вратени кај нас од странство, изјави д-р Ристо Пејков, од Клиниката за хируршки болести Св. Наум Охридски.
Во големата трагедија во Кочани беа повредени околу 200 млади луѓе, а починаа 62-ца.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар