Народниот правобранител апелира најитно да се донесе ново законско решение за „балансерот“
Со укинување на балансерот се појави правна празнина оценува народниот правобранител кој апелираше до владата најитно да поднесе законски измени до парламентот. Иако и самиот ја критикувал очигледната злоупотреба на алатката смета дека не смее да има ваква празнина во однос на одредбите при вработувањата. Во однос на уставниот суд Обудсманот се осврна и на законот за јазиците и им порача на уставните судии да се држат подалеку од политиката.
-Институциите немаат обвска при објавување на огласите да го почитуваат уставното начело за правична застапеност. Тоа според мои информации доведе до деформација во примената на ова начело, затоа апелирам што побрзо владата да достави на усвојување до собранието соодветен закон со кој ќе се почитува начелото на правична застапеност.
Народниот правобранител по сопствена иницијатива формирал предмет за загадувањето на воздухот во 15 општини чии градови се на листата најзагадени во Европа. Констатирал дека мерките се спроведуваат но оваа година ќе се посвети на прашањето зошто истите не даваат ефект.
-Какви мерки треба да се преземат од причина што податоците на УНИЦЕФ околу смртноста на новороденчињата која е директно поврзана со овој проблем, се навистина застрашувачки. Сметам дека оваа област не само кај народниот правобранител туку и кај сите надлежни институции треба да добие врвен приоритет затоа што правото на чиста животна средина е со устав загарантирано.
Минатата година обудсманот постапувал по 3148 претставки, од нив голем број се однесувале на неможноста граѓаните да извадат лични документи, за високите камати за наплата од извршителите,од лица фантоми, кои без никаков документ дури одлежуваат и казна затвор. Народниот правобранител изрази генерално уназадување во однос на судовите.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар